Негувајте ја личност баш пред вас

Поч. Ничико Нивано
Претседател, Ришо Косеи-каи

Founder Niwano and his wife, Naoko, with their granddaughters at their home in Asagaya, Tokyo, in November 1974.

Шакјамуни Буда е личност кој ја достигнал највисоката величествена мудрост, затоа за тие од нас кои бараат да го следат неговиот пат, едноумно проучувајќи ја Лотос Сутрата е првиот чекор кон Будината мудрост. И постои друго нешто кое е суштинско: срце на сочуство, кое е составено од две чувства: ‘добронамерност’ и ‘милост.’

‘Добронамерност’ е се-прегрнувачка љубов за живите битија. Имајќи ја оваа универзална љубов е тоа што значи да се живее Будиниот оригинален завет.

Сепак, затоа што љубовта е чувство коое се издигнува природно и неможе да биде присилено, дури и да ние се имаме заветено да сакаме универзално, ние неможеме неопходно да чувствуваме љубов за секоја личност која ќе ја сретнеме. Ова е причината зошто е важно да почнеме преку негување на личноста баш пред нас. Кога ние имаме интеракција со некого, ние треба да се обидеме да осетиме дали таа личност е среќна или не. И кога ние ќе осетиме дека тие не се среќни, ако ние замислено земеме во обзир што може да ги мачи нив, желбата да се направи нешто да се ослободи таа личност од страдање природно ќе се издигне. Ова чувство е ништо друго туку ‘милост,’ втората компонента која го прави умот на сочуство.

Но дури и да ние стремиме да ги ослободиме другите од нивните страдања на ваков начин, ние неможеме да ги ослободиме луѓето така лесно. Тоа што ние можеме да направиме, за почеток, е да го направиме напорот да култивираме срце кое може да чувствува тешкотии на друга личност како наши сопствени. Ова е тоа што ние би можеле да го земеме во обзир кога ги споделуваме страдањата на другите преку емпатија.

Се што ние треба да направиме е да ги имитираме зборовите на Кенџи Мијазава во неговата поема, ‘Не биди поразен од дождот’: ‘Ако таму има некој кој умира на југот, / Јас ќе одам и ќе му кажам дека нема од што да се плаши. / Ако има кавга или спор на северот, / Јас ќе ги охрабрам нив да сопрат, / затоа што тоа е бесмислено. / Кога таму има суша, јас ќе обезбедам влажност преку понудување на моите солзи, / И во необично ладно лето, јас ќе обезбедам топлина преку неуморно брзајќи наоколу.’ Поемата на Кенџи Мијазава ни покажува фигура на обична личност кој е бодисатва.

Личноста која се појавува баш пред нашите очи е поврзана со нас преку длабоки врски на кармички афинитет. Заради тоа, ослободувајќи ја таа личност е нашата улога. Ние не смееме никогаш да мислиме ‘Оваа личност е изгубен случај’. Шакјамуни Буда никогаш не мислел така за било кого. Земете го монахот Чулапантака, кој неможел дури да го запомни неговото име. Шакјамуни бил способен да го води него кон разбудување преку давање на метла на него учејќи го како да го исчисти манастирот.

Не постои ниту една личност во светот која неможе да биде ослободена. Ова е заради тоа што секој го поседува драгоцениот драг камен на буда природата. Без оглед колку несреќни можат да бидат околностите на некоја личност, дури и тие самите да мислат, ‘Јас сум безнадежен’, кога еднаш тие ќе се разбудат кон нивната вродена буда природа и уживаат во радоста на живеењето, нивните вродени таленти и способности ќе процветаат.

Заради ова јас секогаш велам, како што имам навика да правам, ‘Нека секоја личност води друга.’ Затоа што правење така е асистирање на Будиниот стремеж да ги ослободи сите луѓе, ние можеме да мислиме за тоа како на највозвишен начин на живеење на Будиниот оригинален завет.

Bodai no me o okosashimu (Kosei Publishing, 2018), pp. 110–112