Лотос Сутрата и Четирите Племенити Вистини

Др. Доминик Скаранџело
Интернационален советник на Ришо Косеи-каи

Практикување на вистината на патот

Прошлиот месец ние ја земавме во обзир Вистината на Причината на страдање, или втората Племенита Вистина. Овојпат, ние ќе ја истражуваме Вистината на Патот кон згаснување на страдањето, која обично се смета за четвртата и конечна Племенита Вистина. Ние ќе ја зафатиме Вистината на Патот следно затоа што, од практична гледна точка на секојдневниот живот, кога еднаш ние ќе почнеме да ги разбираме причините на нашата анкциозност и вознемиреност. нашата следна задача е да ги препознаеме чекорите и практикувањата кои ние можеме да ги правиме за да се ослободиме себеси од тоа страдање.
Во Септември, јас споделив едноставен пример на страдање – вознемиреноста кога нештата не одеа како јас што сакав кога јас бев зарабен во сообраќаен метеж. Преку практикувањето на Вистината на Причината, јас го истражував ланецот на причинетост на тоа страдање.
Чекорите кои јас можам да ги направам за да се ослободам себеси од такво страдање – практикување на патот – се, исто како причината за страдање, повеќеслојни. Најочигледното нешто кое јас можам да го направам е да сопрам да делувам од лутина кон другите луѓе. Сутрата на Неизбројни Значења обезбедува важно водство: Јас треба да превземам практики кои ‘го прават тој кој е лут (јас!) да стреми кон трпеливост’ (Тројната Лотос Сутра 23). Ако јас можам да се сопрам себеси кога сум пред делување, јас треба да бидам способен да ги сопрам таквите лути изливи. Воздржувајќи се од изрази на лутина и фрустрација може да спречи конфликти со другите и така да ме ослободни мене и тие околу мене од многу неволји.
Но на долги стази, ако јас не се справам со тие чувства и само повторувачки да ги потиснувам нив, тие можат да станат појаки конечно да експлодираат со уште поголема жестокост. Со други зборови, овој вид на само-контрола, иако е корисен и на моменти неопходен, е во своето најдобро како применувајќи прва помош, и не е бодисатвина трпеливост во вистински смисол. Како што Основачот Нивано приметил, кога ние се присилуваме себеси да ‘го каснеме куршумот’ и да ја потиснеме лутината и огорченоста, ‘ние сме сеуште почетници’ (Будизам за денешно време 220).
Поглавјето 10 на Лотос Сутрата ни кажува нас дека трпеливоста доаѓа заедно со две нешта: сочуство за секого и осознавање на еднаквоста на сите нешта. Ако јас можам да го проширам мојот капацитет за сочуство и да ги видам луѓето преку очите на еднаквост, тогаш кога сум фатен во сообраќаен метеж или слични непријатни ситуации, јас природно ќе имам емпатија кон тие кои се заглавени заедно со мене попрво отколку гледајќи ги нив како мои непријатели.

Кои се некои примери за конкретни практикувања да се негува сочуство и рамнотежа на духот? Јас можам да ги развијам и двете преку следење на инструкциите на Затворачката Сутра да ‘гледам кон сите луѓе како да тие беа буди, и кон живите битија како да беа (мои) родители’ (Тројната Лотос Сутра 390). Молејќи се за другите преку вклучување на многу страдачки луѓе во моето пренесување на заслуга при крајот на секојдневната сутра рецитација, посакувајќи ја нивната среќа и крај на нивното страдање, е друг начин на култивирање сочуство. Пренесувањето на оваа желб во конкретна акција преку правење нешта во корист на другите, што обично се смета за практикување на великодушност, може исто така да помогне да се негува сочуство и рамнотежа на духот преку поттикнување на чувство на единство со другите.
Овие практикувања се дел од бодисатва патот и се неопходни противотрови на лутината, но јас не смеам да станам премногу фокусиран на елиминирање на тоа затоа што таквата преокупација може да ме држи во кругот на реактивност со таа лутина. Како што Основачот Нивано предупредува, ‘Се додека ние сме фиксирани на нашите заблуди, мислејќи ‘јас сакам да бидам слободен од моите заблуди, јас сакам да бидам слободен од нив,’ нашите умови остануваат фатени во идејата на заблуда, правејќи невозможно да се ослободиме од нив’ (Shinshaku hokke sanbukyo 1:307).
Понатаму, гледајќи кон мојата лутина како вид на непријател кој јас сакам да го елиминирам ќе ме спречи да го видам сочуството кое е веќе присутно во самата лутина – откривајќи го подрачјето на бодисатвите внатре во подрачјето на пеколите. Мојата лутина, иако невешта, е во истото време димензија на сочуство за себеси, како што таа извира од мојата најдлабока желба да го избегнам видот на страдање кој јас го создав како дете за моето доцнење. Препознавајќи и афирмирајќи ја оваа најдлабока желба може да помогне да се залечи старата рана која е основа за мојата лутина.
Одејќи уште еден чекор подалеку, јас најдов дека јас исто треба да го откријам сочуството (подрачјето на бодисатвите) внатре во лутината (подрачје на пеколите) на тие кои оштро ме прекоруваа за многу нешта, вклучувајќи го моето доцнење. При срцето, тие беа загрижени за мојата среќа, дури и да заради нивното сопствено страдање, тие беа дефинитивно невешти во обидот да ме водат. Ова е простување од Будистичка перспектива.
Практикувајќи ја Вистината на Патот вклучува прегрнување на екологија на практики кои имаат работа со причините на страдање во многубројни начини. Ако јас сум свесен во секојдневниот живот, јас можам да сопрам изливи на лутина кога тие се пред ерупција. Но над тој вид на привремено решение, јас морам исто така да превземам практики кои делуваат како противотрови на лутината за да постепено го надминам тоа преку зголемување на мојот капацитет за сочуство и рамнотежа на умот. Конечно, јас можам да гледам длабоко во мојата лутина за да го откријам бодисатва стремежот внатре во тоа, што е начин на прегрнување на лутината како мој ‘добар пријател’ – мој сопствен личен Девадата. Наместо да ја потиснувам мојата лутина или да и се спротиставувам на неа, овој пристап го преобразува тоа преку откривање на сочуството кое е негова оригинална природа, буда природа.
Следниот пат, ние ќе дојдеме до заклучок преку обзирање на Вистината на Згаснување од гледна точка на практикување на Дармата тука и сега.