Лотос Сутрата и Четирите Племенити Вистини

Др. Доминик Скаранџело
Интернационален советник на Ришо Косеи-каи

Практикување на вистината на згаснување

Во ова конечно издание на ‘Практикувајќи ја Дармата тука и сега,’ ние ќе ја земеме во обзир Вистината на Згаснување, која на начинот на кој ние ги земаме во обзир Четирите Племенити Вистини од гледната точка на практикување во секојдневниот живот, е кулминација, или резултат, на ставање на Вистината на Патот во пракса.

Нашата прва задача е да разбереме што се мисли под ‘згаснување.’

‘Згаснување’ е превод од Санскритскиот збор ‘нирвана.’ Овој термин е понекогаш употребен да значи преминување на некого, посебно на некој кој е длабоко разбуден, како буда. Со продолжување, во љубезен или пофален говор во Источно Азиските јазици, тоа може да биде ублажен израз за смрт. Сепак, во нашата употреба, ние не мислиме на ‘згаснување на животот,’ туку згаснување на страдање за да се достигне состојба на мир. Како што Основачот Нивано објаснува, ‘Осознавајќи ја Вистината на Згаснување ги пресекува врските на сите форми на страдање и го носи таквиот да разбере дека, како што Тројната Лотос Сутра подучува, овој свет е, баш каков што е, подрачје на спокојна светлина’ (Будизам за денешно време 67).

Ова е сигурно тоа што осознавањето на Вистината на Згаснување на крајот значи, но дали ние мораме да чекаме додека ние сме буди да ја осознаеме Вистината на Згаснување? Јас не мислам така. Сигурно, ние можеме да доживееме различни димензии на згаснување и да достигнеме поглед на подрачјето на спокојно светло во тука и сега преку нашето практикување.

Одејќи назад кон примерот кој јас го дадов во претходните колумни за страдањето во сообраќаен метеж, постојат неколку димензии на згаснување кои јас можам да ги доживеам во таа ситуација.

Прво, ако се фатам себеси кога сум пред делување во лутина и се сопрам себеси, јас можам да го згаснам страдањето кое лутиот излив би го причинил. Но јас можам да доживеам згаснување на подлабоко ниво. Ако, преку практикување, јас негувам бодисатва сочуство во моето срце, јас можам да дојдам до поглед кон тие заглавени со мене во незгодни ситуации како што е сообраќајниот метеж не како непријатели туку како луѓе кои исто ја страдаат непријатноста на нелагодноста. Тоа не само што ќе ги спречи лутите испади и страдањето како последица, но тие чувства на сочуство ќе делуваат спротивно на движењата на лутина во моето срце и ќе ги разладат тие пламени.

Јас можам да кажам дека јас сум ја доживеал првата димензија на згаснување погоре – згаснување на страдање преку отсуство на лути изливи – до многу значајно ниво, и додека јас чувствувам дека мојата емпатија за другите е сеуште неадекватна, во моментот јас можам често да дозволам да се издигне чувство на сочуство кое ги лади жаровите на лутина во моето срце, овозможувајќи ми да ја доживеам втората димензија на згаснување. Иако јас сум далеку од ‘пресекување на сите врски,’, јас бев во многу ситуации кои можеа да ескалираат но не се случи тоа, и јас можам да го чувам смирениот ум и ладнокрвноста почесто. Ова подобрување во мојот квалитет на живот може да биде повеќе од ‘привиден град’ отколку пресекување на врските со сите форми на страдање, но сепак, тоа е чекор напред на патот кон будаство.

Но увидот дека мојата лутина и лошо однесување се всушност невешт израз на сочуствителниот стремеж да избегам од страдањето самиот е можеби најослободувачко сознание. За мене, ова е афирмација на учењето на Лотос Сутрата за взаемна вклученост на десетте подрачја. Дури во страдањето на подрачјето на лутина (асури), подрачјето на разбудување и ослободување – срцата и умовите на шраваките, бодисатвите, и Будите – се секогаш тука. Мојата лутина, исто така, ги има нивните срца, и ме вика мене да ги видам нив, да ги препознаам, и да ги излечам. И кога јас го правам тоа, подрачјата на разбудување ќе се манифестираат себеси. Кажано уште поедноставно, ние можеме да ја најдеме буда природата во се ако ние само ги гледаме нештата такви какви што тие навистина се.

Во Лотос Сутрата, ние учиме дека ‘Само кога ние ќе ја достигнеме врвната мудрост на буда ‘ Ние имаме вистинско згаснување’ (Тројната Лотос Сутра 199). Јас сигурно можам далеку да одам на ‘опасниот пат’ кон ‘местото на богатствата’ кое е мудроста на буда. Но кога јас ќе фрлам поглед на подрачјата на разбудување во мене, и во другите, тоа е искуство на ‘верба и проникнување’. Тоа разбирање е моментален вкус на будината мудрост, и тоа ја појачува мојата верба – мојата доверба – во Будиното уверување дека ние сите сме деца на Будата.

Јас мислам дека вербата и разбирањето е начинот на учествување во Будиното вистинско згаснување, на гледање на слаб сјај на ‘спокојно светло’, и ова е најголемата заслуга која ние можеме да ја примиме од практикувањето, дури и да ние сеуште се бориме со проблеми во нашите животи. Мудроста на Будата може да биде тешка да се сфати за обичните луѓе како мене, но јас би сакал да го чувам на ум тоа што Буда ни го кажува во Поглавје 2 ‘Вешти значења’ во Лотос Сутрата.

Оваа Дарма е неизразлива;
Таа го згаснува капацитетот на зборови.
Помеѓу сите други живи битија,
Никој неможе да проникне во тоа
Освен тие во собранието на бодисатви
Цврсти во силата на верба.(Тројната Лотос Сутра 59)