Ние живееме и умираме како дел од прекрасната Дарма, Дел 2

Поч. Ничико Нивано
Претседател на Ришо Косеи-каи

Осврнувајќи се на Сто Дваесет Годишнината од раѓањето на Основачот Нивано

Како што оваа година се обележува Сто Дваесет годишнината од раѓањето на Основачот Никјо Нивано, некој неодамна ме праша, ‘Кои се зборовите на Основачот и делата и духот кој членовите на Ришо Косеи-каи треба да го продолжат?’ Јас одговорив преку споделување на моите искрени чувства, како што следи:

‘Ние сите имаме наши сопствени личности, способности, и животни стилови, и заради тоа, исто како што Основачот Нивано беше вистинит кон Основачот Нивано, зар не е важно за секој од нас да развие наши сопствени уникатни квалитети така да ние станеме индивидуи кои го прават нашето најдобро во корист на други луѓе?’

Да ги цитирам конечните зборови на Шакјамуни кон сите негови верници: ‘Направете се себеси светлото, направете ја Дармата ваше светло.’ Исто како што Шакјамуни рекол, суштински е дека преку потпирање на Дарма учењата ние бевме водени кон и учевме од Основачот, исто како и потпирајќи се на себеси кои сме манифестации на буда природата, секој од нас сјае наоколу со светлото на љубезност и топлина, на наш сопствен начин и најдобро што можеме, на тие околу нас.

Сепак, иако ние ја разбираме важноста на ‘правење на себеси светлото и правење на Дармата наше светло,’ повремено ние можеме да бидеме занесени од желба или лутина и да изгубиме поглед на тоа на кое се потпираме да ги дисциплинираме нашите тела и умови. Заради тоа, јас мислам дека е витално да се осврнеме длабоко на бодисатва духот најден во Лотос Сутрата и да ја култивираме навиката на пристапување кон секој ден – не само кон специјалните денови како Годишнината од раѓањето на Основачот Нивано – со свежо чувство дека тој ни носи нам нешто ново. Преку правење така, ние можеме да продолжиме да ги водиме нашите животи со самоконтрола додека зрачиме со јако светло за тие околу нас.

Прошлиот месец, јас напишав дека ‘ние живееме како дел на вечната животна сила која продолжувала, без престанок, уште од кога почнал универзумот,’ и ние сме сега, како дел од тоа, приматели на живот како човечки битија во овој свет. Нашите животи, сепак, е само минливи моменти во правецот на тој нескршен вечен живот – како ситни точки на светлина кои трепкаат слабо низ временската линија од далечното минато до далечната иднина. Во тој случај, која е смислата на бивање роден во овој свет, така често наречен ‘саха светот на страдање,’ за само да бидеме тука за минлив момент?

Согласно на Лотос Сутрата, ‘заради тоа што сакавме, се родивме во овој свет.’ Која е таа желба? Тоа е нашата вродена желба да ја имитираме Будината желба да ги ослободиме луѓето кои се вознемирени и страдаат. И за да го направиме тоа, ние го стремиме Патот со цел да го ублажиме страдањето на себеси и другите колку што е можно повеќе и да продолжиме да ги правиме нашите најдобри напори да ја реализираме нашата желба дека ‘светот станува место каде што секој може да живее во хармонија и среќа’ желба која ние можеме да ја интерпретираме како смисла на нашите животи и значење заради кое сме се родиле во овој свет како човечки битија.

Понатаму, некој го опишал овој свет како ‘привремено место за развивање на човечкиот дух’ за што јас чувствувам дека е во согласност со начинот на живот и погледот на живот за кој јас имам зборувано многу пати претходно: ‘Правам напор, правам напор, јас ќе продолжам да правам напор додека да умрам, и ако се преродам повторно, јас ќе правам напор повторно.’ За нас, животот во овој свет станува драгоцено време и место во кое ние искусуваме радост и тага, и растеме како човечки битија.

Да сумираме, животот на личноста во овој свет е само минлив момент на едниот вечен живот. Сепак, како што е набљудувано од Д-р. Харуо Саји, кој јас го спомнав во изданието од претходниот месец, севкупноста на животот на таа личност е кондензирана во тој единечен момент (на вечноста). Кога ние размислуваме на фактот дека ние го примаме драгоцениот поклон на животот и сме сега во овој свет затоа што ние сакавме да бидеме родени тука, ние осознаваме дека нема време за губење во бивање заведени во ситна гордост на себични пресметки. После се, имајќи ги на ум зборовите на Кенџи Мијазава, ‘Неможе да има индивидуална среќа се додека целиот свет не стане среќен’ исто како и бодисатва духот изразен во нив, додека запомнуваме секогаш да бидеме обзирни кон другите и да ги живееме нашите животи така да ние носиме радост на нашите блиски човечки битија кои живеат покрај нас – тоа е значењето на животот и причината зошто ние примаме живот тука на Земјата.

Поетот Утсубо Кубота еднаш напишал, ‘Многу одамна, Шакјамуни и Исус почуствувале сочуство за нас и нѐ подучиле да гледаме на себеси од перспектива на универзумот’ (Kubota Utsubu kashu (колекција на поеми од Утсубу Кубота) едитирано од Макото Оока, (Иванами Шотен, 2000)). Кога ние целосно ќе го прегрнеме овој универзален поглед и делувањата на вечното и траечкото, ние ги надминуваме вознемирувањата на животот и смртта и ја наоѓаме решеноста да ги живееме нашите животи на начини кои целосно го користат нашиот потенцијал.

Порака од претседателот за Ноември 2026